По одлуката на австралискиот Федерален суд дефинитивно да му ја укине визата на Новак Ѓоковиќ, во Австралија се објавени првите насловни страници на утрешните весници, со оглед на тоа што на овој континет е ноќ.

Во нив Австралијанците со ниски и валкани удари му се ситат Ѓоковиќ, за кого дури и адвокатот на државата на судењето призна дека добил сосема валидна виза со правилно издаден медицински исклучок од обврската за вакцинација, но сепак, визата му беше укината поради наводна можност присуството на Новак на Австралија опен да им даде мотивација на антиваксерските здруженија во земјата.

Прв со својата насловна се пофали, „The West Australian“, кој објавува фотографија од Ѓоковиќ со недолична порака.

Сега одј**и, друже

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.