Новак Ѓоковиќ ја загуби битката со судот, а го чека сериозна санкција.

Според австралиската новинарка која ги следи правните случувања во таа земја, Карен Свејни, Ѓоковиќ ќе мора да ги плати сите трошоци, откако ја изгуби битката со австралиските власти на Суд.

Покрај судските трошоци, тој треба да плати и казна која ќе изнесува околу 500.000 долари.

Депортацијата е придружена и со тригодишна забрана за влез во Австралија.

Тоа најверојатно значи дека Новак наскоро нема да се врати на турнирот чиј рекордер е со девет освоени титули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.