По натпреварот од 23. коло во Евролигата меѓу кошаркарите на Партизан и Жалгирис, пред најголемата српска сала биле нападнати голем број на навивачи.

Засега непознати напаѓачи со палки и фантомки ги тепале навивачите кои излегувале од „Штарк Арената“.

На натпреварот присуствуваа 20.000 навивачи, но не се знае каде била полицијата по завршувањето на големиот собир. Присутните во паника бегале на сите страни и настанало стампедо.

Луѓето на социјалните мрежи се сомневаат дека напаѓачите се навивачи на Црвена звезда, а нападот бил одговор на инциденти кои се случувале во минатото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.