Реал Мадрид го доби евролигашкото „Ел класико“, победувајќи ја Барселона со 73:66 (18:18, 18:24, 22:13, 15:11) во полуфиналето на Фајнл фор турнирот на Евролигата во Каунас, Литванија.

Со триумфот против вечниот ривал, кошаркарите на Реал Мадрид против Олимпијакос ќе се обидат да ја освојат својата 11. европска титула.

„Кралевите“ вака го повторуваат успехот од минатата сезона, кога исто така ја елиминираа Барселона во полуфиналето, пред во големото финале да загубат од Анадолу Ефес.

Ваквиот успех доаѓа по епското четврт-финале во кое губеа со 0:2 од Партизан, пред да победат во два гостински меча и дома да го запечатат билетот за Фајнл фор турнирот.

Барселона имаше предност од 44:36 по првото полувреме, но второто полувреме мина во знакот на „кралевите“, кога со помош на ветераните во тимот, стигнаа до клучна предност. Валтер Таварес заврши со 20 поени и 14 скока за Реал Мадрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.