Претседателот на Партизан, Остоја Михајловиќ очекува зголемено внимание за тимот во првата сезона во Евролигата по 2014 година.

Мислам дека сме единствената кошаркарска екипа во светот која е дел од спортски клуб и има поголема публика од фудбалскиот тим. Сакам да достигнеме рекордна посетеност оваа сезона. Нашата цел е да продадеме над 10.000 сезонски билети. Верувам дека ќе успееме да го направиме ова и да го надминеме рекордот во Евролигата – изјави Михајловиќ.

Партизан доби шанса да игра во Евролигата, откако руските екипи добија забрана за настап поради актуелната ситуација со Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.