Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ е казнет со 35.000 долари поради недоличен гест кон судиите во поразот од Голден Стејт со 125:127 пред два дена.

Во финишот на мечот, Словенецот по еден обид за да постигне поени имаше контакт со Дрејмонд Грин, но судиите не досудија прекршок. Потаквата одлука, Дончиќ кон судиите покажа гест кој симболизира земање пари, алудирајќи на тоа дека се потплатени.

Дваесет и четиригодишниот Дончиќ оваа сезона има просек од 32,9 поени, 8,6 скока и 8,2 асистенции за 36,4 минути.

Далас е на 11. место во поредокот на Западната конференција со 36 победи и 38 порази.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.