Португалскиот тренер, Жозе Мурињо, докажа дека се уште е при врвот на фудбалските стручњаци во Европа и со Рома избори пласман во финалето на Лига Европа. Ова е нов успех за „Специјалниот“, кој лани, со „римската волчица“ ја освои Конференциската лига на УЕФА.
За пласман во новото финале, на Рома и беше доволно да одигра 0:0 на гостувањето во Леверкузен, со што ја сочува предноста од 1:0, изборена на првиот меч, одигран во Рим.
Во финалето на Лига Европа, Рома ќе игра против Севилја, која беше подобра од Јувентус, дури по продолженијата. Во регуларниот дел мечот заврши идентично како првиот дуел, со резултат 1:1, а голот што ја однесе шпанската екипа во финалето го постигна Ерик Ламела во 95 минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.