Фудбалерите на Вардар добиваат дополнителен мотив во пресрет на најважниот меч сезонава, бараж-пресметката против Скопје за влез во Првата лига, откако од општина Кисела Вода доаѓа најава за финансиска помош во износ од – милион денари.

Според информациите на „Вардарфанс“, парите во текот на денешниот ден или најдоцна до утре би „легнале“ директно на сметките на фудбалерите и на членовите на стручниот штаб, што би било и тоа како важна инјекција со оглед на финансиските проблеми со кои сезонава се соочуваа црвено-црните. Најавите се дека ова нема да биде инцидентна помош од скопската општина, туку дека локалната самоуправа во Кисела Вода во следниот период ќе преземе на себе дел од финансирањето на најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија.

Вардар мечот за евентуално враќање во фудбалската елита по две годишен престој во Втората лига ќе го одигра в недела во Кавадарци, за каде се очекува вистинска инвазија од вардаровите навивачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.