Тиквеш и Скопје ќе играат и во следната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево триумфираа во бараж пресметките против Воска и Беласица.

Фудбалерите на Тиквеш го задржаа прволигашкиот статус со триумф над Воска од 4-1 на стадионот „Младост“ во Струмица.Овој клуб е финансиран од контроверзниот охридски бизнизмен Нефи Усеини.

Скопје беше поуспешен во баражот од Беласица со 2-1 на Градскиот стадион во Штип.

Пласман во ПМФЛ претходно обезбедија Силекс и Победа како првопласирани во западната и источната второлигашка конференција, додека од ПМФЛ испаднаа Борец и Пелистер.

Новиот првак Шкупи ќе игра во квалификациите за пласман во Лигата на шампиони, додека Шкендија, Академија Пандев и освојувачот на купот Македонија ЃП ќе настапат во квалификациите за Конференциската лига

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.