На 17.09.2022 било пријавено дека во периодот од 15.00 до 16.55 часот во с.Голема Речица, тетовско, за време на одигрување на фудбалски натпревар во рамки на Втората македонска фудбалска лига помеѓу домашната екипа на ФК „Гостивар“ од Гостивар и гостинската екипа на ФК „Воска Спорт“ од Охрид, во два наврати бил нарушен јавниот ред и мир со недолично и агресивно однесување на навивачи од навивачки групи на двете екипи.

Според кажување на А.Б., спортски директор на гостинската екипа, притоа тој бил физички нападнат од едно лице. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.