Кога Светското првенство се играше во Бразил во 1950 година, тогаш десетгодишниот Пеле му ветил на својот татко дека ќе го направи горд.

Тогаш „кариоките“ го завршија натпреварувањето на второто место од Уругвај, а неговиот татко Жоао Рамос до Насименто беше многу депресивен кога сфати дека златниот медал не му припадна на Бразил.

Дондињо, како што го нарекуваа таткото на Пелето, тешко прифати дека Бразил не е првопласиран на Светското првенство.

Пеле тогаш му вети на веќе расплаканиот татко дека тој ќе го води Бразил до титулата светски шампион.

Ветувањето го исполни веќе во 1958 година, на 18 години, на Светското првенство во Шведска, за да го повтори истото четири години подоцна во Чиле. Пеле успеа по трет пат да ја крене „божицата“ на Светското првенство во Мексико во 1970 година.

Тој е единствениот фудбалер кој три пати го освоил Светското првенство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.