Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, одговори на критиките откако направи селфи покрај ковчегот на Пеле.

Вознемирен сум откако ме известија дека некои луѓе ме критикуваат за правење селфи и фотографии на церемонијата. Сакам да појаснам дека за мене беше чест што соиграчите и членовите на семејството на големиот Пеле од мене побараа фотографија. Што се однесува до селфито, ме замолија да се фотографираме заедно, но не знаев како да го направам тоа. Затоа, му го зедов телефонот на еден од нив и не сликав сите за него. Доколку бидам критикуван затоа што му помогнам на блиските на Пеле, со задоволство ќе ги прифатам критиките и ќе продолжам да им помагам, на секој начин што можам, напиша Инфатино.

Пеле почина на 29 декември 2022 година на 82-годишна возраст поради компликации од рак на дебелото црево.

Бразилецот е единствениот трикратен светски шампион во историјата како фудбалер, а воедно и рекордер по бројот на постигнати голови во кариерата (1.279).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.