Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е задоволен од изданието на неговите избраници по победата на гости синоќа кај Фиорентина (2:1) во Серија А.

– Игравме добро, создадовме многу шанси и мислам дека ја заслуживме победата на теренот на противникот, со кого секогаш имавме проблеми на гости. Не е лесно по репрезентативната пауза, па затоа сум особено среќен поради оваа победа. Во добра форма сме веќе два до три месеци. Тимот станува посигурен, а сите се подготвени да помогнат во одбраната. Кога добро се браниме, тогаш нормално, благодарение на нашата напаѓачка вештина, можеме да му правиме проблеми на секој противник, изјави главниот тренер на Милан.

Според најавите од Италија, Пиоли и следната сезона ќе остане шеф на стручниот штаб на Милан.

По 30 кола „Росонерите“ имаат 65 бодови и се наоѓаат на втората позиција во поредокот во Серија А.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.