Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за време на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ, објави УЕФА на својата веб-страница.
Покрај расизмот, Барселона е казнета и за палење ракети и оштетување на стадионот од страна на своите навивачи. Шпанскиот клуб е казнет со вкупно 32.000 евра.
Барселона ќе мора да стапи во контакт со ПСЖ во следните 30 дена за да ја санира штетата што ја предизвикаа нивните симпатизери на стадионот „Парк де Пренс“.
Во првиот меч во Париз Барселона победи со 3:2, но ПСЖ се пласираше во полуфиналето со победата од 4:1 во реваншот во Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.