Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) бара од главниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да помине задолжителен тренерски курс. Како повид за таквото барање, УЕФА го наведува тоа што на 31 декември 2021 година му истекла тренерската лиценца на Италијанецот.

УЕФА го известила 62-годишниот тренер дека треба да положи испит за да може да продолжи да води екипи.

Шпанската фудбалска федерација му порача на Анчелоти дека ќе стапи во контакт со УЕФА за да влијае на ситуацијата.

Анчелоти во текот на својата тренерска кариера има освоено 21 трофеј, меѓу кои има три тирули во Лигата на шампионите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.