По ремито со Манчестер јунајтед од 1:1, во натпреварот од 37. коло на англиската Премиерлига, Тренерот на Челзи, Томас Тухел, зборуваше за тоа што му недостигало на тимот за да се бори за шампионската титула оваа сезона.

Погледнете како играше Рис Џејмс, кој пропушти 12 недели. Ни недостигаше овој квалитет, но сепак, остануваме во топ 3 екипи на шампионатот. Бевме блиску до пласман во полуфинале во Лигата на шампионите и за неколку месеци ќе учествуваме во второто куп-финале. На овој натпревар не можевме да сметаме на Матео Ковачиќ и секако на Бен Чилвел. Таа приказна трае во текот на целата сезона. Разликата е во тоа што Манчестер сити и Ливерпул имаат на располагање полн состав, а ние имавме проблеми низ целата оваа сезона. Се соочивме со многу случаи на Ковид и долготрајни повреди, што имаа одлучувачко влијание врз резултатите – истакна Тухел.

Челзи со 66 бодови е на третото место во Премиер лигата, додека Манчестер јунајтед со 55 бода остана шести на табелата.

Лидер е Манчестер сити со 80, пред Ливерпул кој има 79 бодови. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.