Играчите на Болоња му приредија изненадување на својот тренер Синиша Михајловиќ кој се наоѓа во болница каде по вторпат води битка со леукемијата.

Фудбалерите ден по победата над Интер, сакале да прослават со својот тренер, па се собрале пред болницата и со песна славеле под неговиот болнички прозорец.

Дојдовте тука да ме расплачете. Минатиот пат дојдовте тука за да ви биде чиста совеста, сега заслуживте. Поради вас сум 10 години помлад, ви благодарам, ве сакам. Од кога сум во болница, вие немате загубено. Гледајте тоа да го направите побрзо, па да можам да излезам. Но, ако вака продолжите тогаш ќе бидам среќен што ќе останам во болница – им рекол Михајловиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.