Ерлинг Халанд е вистинска машина за голови. Норвежанецот толку лесно ја тресе мрежата што одлучи да им ја открие својата тајна на обожавателите.

Јас и мојот магичен пијалок – напиша Халанд на социјалните мрежи, објавувајќи серија фотографии со шишиња млеко.

Според Халанд, целата магија се крие во обичното кравјо млеко, кое Норвежаните го пијат во големи количини секој ден.

Халанд е многу внимателен кога е во прашање исхраната. Тој ужива во лазањите што ги прави неговиот татко Алф Инге Халанд, кој порано беше фудбалер. Открива и дека сака да јаде изнутрици, особено срце и црн дроб.

Пие само филтрирана вода, а како што често нагласува, правилната исхрана е една од најважните компоненти на неговиот успех.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.