Екипата на Струга Трим Лум, на гостувањето против Шкендија, ја забележа четвртата победа во четвртиот натпревар сезонава во Првата македонска фудбалска лига.

На средбата одиграна во Струмица, каде Шкендија беше домаќин поради реновирањето на теренот во Тетово, стружани забележаа победа со 2:0.

Стрелци на головите за Струга беа Христијан Малески во 50. и Бесарт Ибраими во 70. минута.

Во останатите натпревари, штипска Брегалница на свој терен ја совлада Македонија Ѓорче Петров со минимални 1:0, додека Работнички ја забележа премиерната победа, откако во Скопје го совлада Тиквеш од Кавадарци со 2:0.

Во градската пресметка, Скопје пред своите гледачи загуби од актуелниот првак Шкупи со 0:2.

Вчера фудбалерите на Силекс и Академија Пандев одиграа нерешено 1:1.

Слобдна во ова коло беше екипата на Победа.

Табела: Струга 12 бодови, Силекс 8, Брегалница 7, Шкендија 7, Шкупи 6 (-2 натпревара), Академија Пандев 4, Тиквеш 4 (-1), Македонија ЃП 3 (-1), Работнички 3, Скопје 0 (-1), Победа 0 (-1).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.