На вчерашниот натпревар помеѓу екипите на Шкупи и Балкани најистакнати беа навивачите на двете екипи „Шверцерите“ и гостите од Сува Река.

Едните беа сместени западната а другите на источната трибина. Посебно беше воочлива кореографијата „Шверцерите“ кои покрај клубските обележја, неизбежното знаме на Република Албанија вееја и знаме на основачот на УЧК Адем Јашари. Неговиот лик со бело знаме се вееше целиот натпревар и тоа не беше санкционирано од страна на судијата или делегатот.

Кој беше Адем Јашари

Адем Јашари беше основач на УЧК а беше убиен во нападот на српските специјални полициски сили на селото Преказ, кој траел од 5 до 7 март 1998 година, во кој беа убиени командантот на ОВК, Адем Јашари, и 58 членови на неговото семејство.Во 1997 година, југословенски суд, во отсуство, го осуди Јашари, еден од основачите на ОВК, за тероризам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.