Шкупи е поразен на Градски од тимот на Балкани од Косово во плејофот од Конференциската лига со 1-2. Момците на Гоце Седлоски иако беа фаворити тоа не го оправдаа на теренот.
Очигледно е дека се работи за изедначени по квалитет екипи, иако гостите од Косово беа поконкретни во завршницата.

Шкупи во вториот дел имаше и пречка но среќата беше на страната на голманот Љуљановиќ.

Натпреварот се одигра во добра атмосфера која ја создаваа “Шверцерите” и гостинските навивачи од Сува Река.
Шкупи ќе има тешка задача следната недела во Приштина каде ќе се дознае патникот во групната фаза од најслабото натпреварување на УЕФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.