Шкендија ја победи Брегалница на гостувањето во Штип со 1:0 во првиот натпревар од 28. коло на Прва македонска фудбалска лига.

Тетовци ја запишаа 14. победа сезонава со што му се доближија на лидерот Струга на само три бодови.

Другите натпревари од ова коло се играат утре:

Скопје – Академија Пандев

Победа – Работнички

Силекс – Македонија ЃП

Тиквеш – Шкупи.

Слободна е екипата на Струга.

Табела: Струга 53 бода, Шкендија 50, Шкупи 45, Силекс 40, Брегалница 37, Македонија ЃП 33, Тиквеш 30, Работнички 28, Академија Пандев 22, Скопје 18, Победа 13



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.