Македонската фудбалска репрезентација се комплетира за претстојниот почетокот на евроквалификациите, откако денеска во Скопје пристигнаа и капитенот Стефан Ристовски и неговиот довчерашен клупски колега во загрепски Динамо, Аријан Адеми.

Загрепски Динамо вчера во рамки на хрватското првенство ја совлада Риека (1-0), а Адеми по 13 минати сезони го одигра последниот натпревар за тимот од Загреб.

Адеми попладнево и се приклучи на македонската репрезентација за претстојните два дуели против Малта и Фарските Острови во Скопје по што заминува за Кина каде ќе ја продолжи кариерата во прволигашот Пекинг Гуан.

Македонската репрезентација в четврток против Малта ги отвора квалификациите за ЕУРО 2024, а в понеделник во пријателски натпревар ќе ги пречека Фарските Острови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.