Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски му помогнал на својот матичен клуб и покрај лошата финансиката ситуација соодведно да се подготви за еден од најважните натпревари во сезоната против Воска Спорт во Охрид.

За фудбалерите да бидат максимално подготвени за натпреварот в недела капитенот обезбедил карантин пред дербито, за што Вардар јавно му се заблагодари.

Фудбалскиот клуб Вардар јавно искажува благодарност до капитенот на Македонската фудбалска репрезентација, „Вардаровото дете“ Стефан Ристовски за несебичната помош и поддршка за својот матичен клуб благодарение на која експедицијата на Вардар ќе замине во карантин пред претстојниот важен натпревар во недела каде во мир и соодветни услови ќе се подготвува за предизвикот кој ги очекува“, објави Вардар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.