Се разгорува Светското првенство за жени во Австралија и Нов Зеланд. Покрај тоа што уживаат во вештините на теренот, фудбалерките пленат и со својата убавина. Кои се најубавите и најатрактивните…? Тоа не е лесен избор.

Алиша Леман – швајцарска репрезентативка е висока 165 сантиметри. Ги брани боите на Астон Вила. Таа има повеќе од 14.000.000 следбеници на Инстаграм, што е најмногу во светот на женскиот фудбал. На неколку избори беше избрана за најубава фудбалерка на светот.

Сакина Каршауи – Игра за Пари Сен Жермен и француската репрезентација. Потекнува од Мароко. Почнала да игра фудбал во соседството со момчињата. Таа пред ПСЖ ги бранеше боите на Мирамас, Монпеље и Лион. Таа играше за галските петли на Олимписките игри во Рио во 2016 година.

Алекс Морган – Таа најдобрите фудбалери на овој век, ги брани боите на Сан Диего, а Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд ќе и биде последното големо меѓународно натпреварување.

Кики ван Зантен

Убавата Јамајканка игра за Нотр Дам. Таткото и е Американец со холандско потекло, додека мајката е од Јамајка. Минатата година дебитираше во жолто-зелениот дрес, а Светското првенство и е прво големо натпреварување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.