Репрезентациите на Шведска и на Холандија се пласираа во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство за фудбалерки што се одржува во Нов Зеланд и Австралија.

 

Ова е епилогот по денешните два осминафинални натпревара.

 

Најпрво во Сиднеј, Холандија ја совлада репрезентацијата на Јужна Африка со 2:0, а потоа Шведска на пенали ја елиминира селекцијата на САД која беше бранител на трофејот.

 

Во четвртфиналето противник на Швеѓанките ќе биде Јапонија, додека Холанѓанките ќе се соочат со репрезентативките на Шпанија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.