Франција повторно успеа да направи подвиг и се врати во игра во финалето на Светското  фудбалско, откако со вториот гол од пенал, Килијан Мбапе го комплетираше хет-трикот и израмни на 3:3.

Мбапе прво успеа да ги спаси Французите во регуларните 90 минути кога постигна два гола за 90-тина секунди за да ги врати од 0:2, но кога Меси даде гол во првото продолжение, сите мислеа дека нема да има шанси за уште едно враќање. Но, Франција го направи тоа – по еден удар во шестнаесетникот, Монтиел играше со рака и судијата Марчињак по третпат на мечот покажа на белата точка, а Мбапе безмилосно израмни на 3:3.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.