Нарко босот и водач на навивачите на Рад, Лука Перенчевиќ (28) бил убиен поради нерасчистени сметки во нарко бизнисот и мистериозното исчезнување на 10 килограми кокаин и убиството на Филип Лепојевиќ (18).

Маскиран напаѓач го убил Лука во понеделникот во импровизирана теретана во Бањица, испукајќи шест куршуми во него, а тој влегол во објектот маскиран во „Глово“ доставувач на храна, за по молскавична брзина да избега со скутер.

Перенчевиќ пред неколку години формирал клан во Бањица, а кај него работеле голем број млади момчиња од околината.

Тој уживал во улогата на водач на нарко банда ,се чувствувал моќно и мислел дека никој ништо не му може. Кој ќе му каже нешто што не му се допаѓа, го прободува без да трепне. Затоа сите биле особено внимателни кога му се обраќале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.