Натпреварот од 16. коло во шпанското фудбалско првенство меѓу Гранада и Атлетик Билбао е прекинат вечерва во 18. минута, откако еден навивач на трибините на стадионот „Нуево Лос Карменес“ почина по добиен срцев удар.

Пред да биде прекинат натпреварот, гостинската екипа дојде во водство со голот на Инаки Вилијамс во 6 минута.

Дванаесет минути подоцна главниот судија Мигуел Анхел Отиз означи прекин на играта, откако гостинскиот голман Унаи Симон му укажа на метеж на трибините, каде веднаш се упатија лекарите од двете екипи. Несреќниот навивач не можел да се спаси ниту кога брзата помош се обидела да го реанимира на лице место.

По повеќе од 20 минути чекање натпреварот да продолжи, судијата ги испрати играчите од двете екипи во соблекувалните. Речиси еден час по прекинот официјално беше објавено дека натпреварот вечерва нема да биде продолжен



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.