Силекс и Шкупи одиграа без голови на мечот на стадионот во Кратово, каде немаше нормални услови за игра. Во Кратово наврна пороен дожд кој го потопи теренот. На повеќе места имаше мали „езерца“, кои едноставно не дозволуваа да има нормална игра.
Топката воопшто не можеше да се движи, па често играчите мораа буквално само да ја исфрлаат што е можно подалеку.
Во второто полувреме, ситуацијата на еден дел од теренот се подобри, па фудбалерите на двата тима се обидуваа на тој дел да направат акција, но очекувано, немаше голови на овој натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.