Светот на фудбалот, но и спортот воопшто, остана во шок по смртта на легендарниот бразилски фудбалер, Пеле.

„О Реи“ беше најголемито пионер во фудбалот и практично да нема нема дриблинг или некој гол што останал за паметење во фудбалската историја, што Пеле не го направил прв.

Пеле е најголем, измисли сè 10-20-30 години пред другите фудбалски ѕвезди… Имаше сè, апсолутно сè… Така што, тој е најголемиот на сите времиња, неоспорно и без сомневање“, објави францускиот новинар, Дидие Рустан, кој сподели видео во кое се појавуваат големите модерни ѕвезди од светот на фудбалот, како ја прават својата магија, а веднаш по нив и самиот Пеле, како веќе ги „измислил“ нивните потези за паметење.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.