Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот во Рим ќе игра натпревар против Италија кој е претпоследен во квалификациите за Европското првенство.

Македонија веќе ги загуби шансите за пласман, но за Италијанците овој натпревар е од голема важност и ако не сакаат да бидат во незавидна позиција пред одлучувачкиот натпревар против Украина во последното коло вечерва треба да слават.

Иако немаме резултатски мотив, секако дека избраниците на Милевски имаат голема желба за игра против една од најсилните селекции во светот која против нас тешко игра. Селекторот Благоја Милевски веќе го избра и стартниот состав.

Mилевски се одлучи за формација 3-5-2 со Бојан Миовски и Елиф Елмас во нападот, зад нив во средниот ред е Барди, потоа Адеми и Елези, по страничните позиции Алиоски и Димоски, а во одбраната Манев, Серафимов и Муслиу. На голот секако Столе Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.