Утревечер Македонија ѝ гостува на Англија во квалификациите за ЕУРО 2024. Натпреварот ќе се одигра на „Олд Трафорд“ во Манчестер, а картите за натпреварот се веќе распродадени, објавија Англичаните уште вчера. Се очекува атмосферата да биде пеколна, со оглед на тоа што македонската репрезентација на „Олд Трафорд“ ќе ја пречекаат 74.300 на Гордиот Албион.

Натпреварот ќе се игра од 20:45 часот.

Англичаните се први на табелата во Ц-групата од квалификациите за Еуро 2024, македонската селекција има три бода исто колку и Италија и Украина. Малта е последна без освоен бод.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.