Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах се осврна на вчерашната победата над Тотенхем (2:1) во натпреварот од 15. коло на Премиер лигата.

Салах постигна два гола на овој натпревар.

– Игравме фудбал, успеавме да постигнеме два гола, а во вториот дел мислам дека можевме да постигнеме повеќе, но немавме среќа. Најважно е што успеавме да земеме три бода. Тотенхем е секогаш тежок противник, без разлика дали на гости или кога играме дома. Но, јас сум секогаш фокусиран на играта и се трудам да му користам на тимот. Ууспеав да го направам тоа, изјави Салах за клупскиот сајт.

Ливерпул е осми на табелата во Премиер лигата со 19 бодови. Тотенхем е на четвртото место со 26 бодови.

Салах одигра 13 настапи во Премиер лигата за тимот во сезоната 2022/23, постигнувајќи шест гола и три асистенции



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.