Премиерот Димитар Ковачевски ги испрати фудбалерите на патувањето за Порто и им вети премија од пола милион евра за победа над Португалците и пласман на Светското првенство во Катар.

Вие сте најсветлата точка на Македонија во овој момент. Цела македонија ќе ве чека на Плоштад, ви ветувам. Владата во овој момент со драго срце ќе издвои награда од 500.000 евра за пласман во Катар. И ова што досега го направивте е успех, не знам како, но победете ги Португалците. Знам дека можете, им рече Ковачевски на фудбалерите во авионот пред полетување.

Македонската репрезентација ќе се надигрува со Португалците, во вторник со почеток од 20:45 часот. Нова победа носи пласман на Светското првенство во Катар, што ќе биде нов голем успех на оваа генерација играчи предводени од Благоја Милевски.

Натпреварот во Порто ќе биде последен за тековните квалификации. Противникот е исклучително тежок и ќе биде голем предизвик за „рисовите“, кои пред неколку дена ја надиграа Италија во Палермо.

фото: Макфудбал.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.