Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен со гол во пријателскиот натпревар против Холандија (2-4) вчеравечер во Амстердам имаше незаборавно враќање во националниот тим, девет месеци откако колабираше на теренот на ЕУРО2020.

Ериксен се запиша во листата на стрелци во 48 минута, само две минути по влегувањето во игра од клупата за резерви на дуелот во Амстердам, точно 288 денови откако доживеа речиси смртоносен срцев удар.

Данецот колабираше за време на натпреварот против Финска на ЕУРО2020 на стадионот „Паркен“ во Копенхаген и потоа мораше да му биде вграден апарат за регулирање на работата на срцето.

Ериксен (30), кој ја продолжи клупската кариера на 26 февруари во дресот на англискиот прволигаш Брентфорд, го запиша на дуелот против Холандија својот 110. настап за Данска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.