Камерунскиот фудбалер Џавал Каиба беше претставен како ново засилување на малиот австриски клуб Алтах, но прашање е дали навивачите ќе бидат воодушевени ако се покаже дека тој не е толку млад како што тврди.

Австријците го претставија на официјалната страна на клубот како 20-годишен фудбалер, но веднаш по доаѓањето, Каиба предизвика многу коментари. Фановите јавно изразуваат сомнежи дека тој е толку млад, затоа што, како што коментираат, на фотографијата изгледа барем 15 години повозрасен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CASHPOINT SCR Altach (@scraltach1929)

Во коментарите на Инстаграм објавата се случи полемика, при што сите коментираат за толку навистина години има дефанзивниот играч за врска кој првпат ќе игра во Европа.

Официјално тој е роден на 8 февруари 2003 година, но никој што ја видел објавата на Алтах, не верува премногу во таквата можност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.