Славниот српски тренер, Љупко Петровиќ се наоѓа во медицински индуцирана кома по тешката сообраќајна несреќа која ја имаше во четвртокот, објавуваат српските медиуми.

76-годишиот Петровиќ, кој ја предводеше Црвена звезда до европската титула во 1991 година, возел во спротивна насока на обиколницата околу Белград, по што имал директен судар со друг автомобил. Според хирургот Миљко Ристиќ, од шокот, тој доживеал два мозочни удари по што бил поставен во вештачка кома.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.