Генерацијата 2011 од фусбалскиот клуб Кул Кисела Вода забележа уште една победа и се наоѓа многу блиску до пласман на завршниот турнир во Детската Лига. Избраниците на Мики Тодоровски се покажаа како многу посилен противник на натпреварот со екипата на Албарса, славејќи со резултат 4:0.

По првото полувреме нашите млади надежи имаа минимално водство од 1:0 со погодокот на Филип Чангов. Во вториот дел бевме доминантни и постигнавме уште три гола во противничката мрежа. Во листата на стрелци се запишаа уште и Леон Дончевски, Давид Ночевски и Стефан Стојановски – велат од Клубот.

За учество на завршниот турнир, ќе се борат во понеделник, со подобриот од утрешниот натпревар меѓу екипите на Форца и Карев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.