На завршниот турнир на Детската лига тренерот на Шкендија го натепал судијата Горан Милошевски.

Во инцидентот интервенирала и полицијата, па тренерот насилник е преведен, а повредениот судија е префрлен во болница.

Натпреварите од финалниот турнир од Детската лига за сезона 2022/23 се ограат од вчера до недела на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ во Скопје. Учествуваат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2010 – 2015).


Извор: Спортмедиа.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.