Од фудбалскиот клуб Вардар најавија дека денеска се враќаат на Градски стадион.

Ве известуваме и ве каниме денес во 18 часот на првата прозивка и тренинг на нашиот Вардар, на Градски стадион (Северо-источен службен влез).
По долго време се враќаме во нашиот дом, и повторно како некогаш го враќаме сјајот на најголемиот и најсаканиот македонски фудбалски бренд.
Вардар е клуб на народот, така било, така ќе биде секогаш, но овојпат тоа ќе биде и формално. Отворен клуб кој ќе функционира транспарентно, и ќе биде достапен за сите свои навивачи, јавноста и се разбира народот…
Повелете, Клубот на народот ве очекува, велат од ФК Вардар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.