Со жрепка извршена во седиштето на УЕФА во Нион е одреден составот на групите за воведното квалификациско коло во Лигата на шампионките во кое втора сезона по ред ќе учествува македонскиот првак ЖФК Љуботен.

Жрепката одлучи македонскиот првак да биде дел од групата 3 заедно со Мура од Словенија, кипарски Аполон и грузиски Самегрело.

Квалификацискиот турнир ќе се игра во Словенија, а противник на Љуботен во полуфиналето ќе биде Аполон.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 6 септември, додека дуелите за првото и третото место на 9 септември.

Пласман во втората рунда ќе обезбедат првопласираните екипи од 15 квалификациски групи.

Второто квалификациско коло, кое ќе се игра според системот дома – гости, е на програмата на 10/11 и 18/19 октомври, а победниците ќе обезбедат пласман во групната фаза која стартува на средината на ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.