Македонскиот женски фудбалски шампион, Љуботен, попладнево го има својот прв настап во Лигата на шампионките на УЕФА. Љуботенки, во квалификациите од најелитното женско натпреварување во Европа, ќе играат против Сент Полтен од Австрија.

Натпреварот ќе се игра на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, со почеток од 17 часот.

Победникот од овој натпревар ќе игра против шампионот на Белорусија, Динамо Минск, кој ја совлада бугарска Локомотива од Стара Загора.

Тој дуел, повторно ќе се игра во Скопје, на терените на ФФМ, и тоа во недела со почеток од 19 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.