Женскиот фудбалски клуб „Љуботен“ од Тетово стана првак во оваа натпреварувачка сезона 2021/2022 со победата во последното коло од Првата женска фудбалска лига. Денеска во последното коло Љуботенки ја совладаа екипата на ЖФЦ СЦ Истатов на нивен терен во Дојран со 3-1.

-Сите три голови ги постигна Присцила Едите Силва во првото полувреме, во 9-та, 26 и 31-минута. Единствениот гол за домаќинките го постигна Петрушевска во 84 минута, информираа од ЖФК Љуботен.

ЖФК Љуботен стана шампион со вкупно 55 бодови. Во 22-те кола овие 55 бодови се обезбедени со 17 победи и четири нерешени дуели и само еден пораз. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.