По доставените барања за пуштање од притвор, 20 хрватски навивачи на Динамо Загреб ќе бидат ослободени, откако беа притворени за убиството на навивачот на АЕК на почетокот на август, објавија грчките медиуми.

Според информациите, хрватските навивачи ќе бидат пуштени на слобода со два рестриктивни услови: забрана за влез во Грција за следење спортски натпревари и кауција од 1.000 евра за секој од притворените.

Грчката новинска агенција објави дека вкупно 95 обвинети хрватски навивачи поднеле барања за укинување на притворот и во текот на денот се очекува да бидат донесени одлуките за останатите лица.

За убиството во Атина на 29-годишниот навивач на АЕК на почетокот на август беа уапсени 105 лица и на сите им беше одредена мерка притвор, а мнозинството од нив се хрватски државјани, навивачи на Динамо Загреб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.