Поранешен фудбалски репрезентативец од Франција е пред потпис за ФК Гостивар, дознава Gol.mk, според чии информации по неуспешниот обид да го убедаат Рикардо Кварезма минатото лето, сега првите луѓе на Гостивар имаат согласност за трансфер на Матје Валбуена.

Францускиот фудбалер за врска ја минува последната година од договорот со Аполон Лимасол и налето е слободен фудбалер. Се очекува за рекордна годишна плата за македонски услови Валбуена да дојде во Гостивар и да го поведе тимот кон борба за титулата во сезоната 2023/24, пишува спортскиот портал.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.