Раководството на Реал Мадрид е загрижено за иднината на тимот предводен од Карло Анчелоти, објави „Tuttomercatoweb“.

 

Во клубот се незадоволни затоа што Барселона води во Ла Лига со голема разлика. Менаџментот е уверен дека промената на оваа ситуација нема да биде лесна. Затоа, Анчелоти треба да се докаже во Купот на кралот и Лигата на шампионите. Доколку Реал Мадрид не успее да успее та триумфира во преостанатите натпреварувања, тогаш Анчелоти најверојатно ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната.

 

На 5 април во Копа дел Реј, Реал Мадрид го очекува реванш со Барселона на гостински терен. Првиот натпревар одигран во Мадрид заврши со победа на Барселона 1:0.

Во Лигата на шампионите, избраниците на Анчелоти ќе ги одмерат силите со Челзи за пласман во полуфиналето



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.