Фудбалерот на Галатасарај, Мауро Икарди го купи најскапиот автомобил на светот за 26 милиони евра.

Станува збор за Rolls Royce „Boat Tail“, кој е направен во само три примероци. Наводно, еден од преостанатите двајца е во сопственост на Џеј Зи и Бијонсе. Третиот примерок е во сопственост на бизнисмен кој продава бисери.

„Boat Tail“ не е обичен автомобил. Направен е рачно и потребни се четири години за да се направи еден примерок. Автомобилот се состои од 1.813 делови.

Кабриолетот со четири седишта има чадор за сонце и телескопска маса што се отвора автоматски, што го прави совршен за пикник за двајца. Автомобилот содржи сребрен прибор за јадење и порцелански чинии на светски познатиот бренд „Кристофл“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.