Хаос пред стадионот Стад де Франс го одложи големото финале во Лигата на шампиони за половина час. Ливерпул и Реал Мадрид требаше да го започнат финалето во Лигата на шампионите во 21 часот, но поради нередите пред стадионот започна со задоцнување.

Француските медиуми објавија дека полицијата морала да реагира и да пушти солзавец за да ги смири немирите, а наводно голем број навивачи успеале да влезат на стадионот иако немаат билети, додека пак има и такви кои со билети останаа пред стадионот.

Лошата организација, безобразните навивачи кои влегуваа без билет на крајот оставија без место на стадионот фанови кои имаа набавено билет, а таков бил и братот на првотимецот на Ливерпул, Жоел Матип.

Марвин Матип доживеал ужасна ситуација со својата бремена сопруга, која на крајот морал да ја оддалечи од стадионот и од портите на „Стад де Франс“ кога полицијата почнала да користи солзавци за решавање на нередот.

Во тие моменти настрадале и мали деца кои имале билети, па како што тврди новинарот на „Скај“, братот на Матип воопшто нема да го гледа финалето на стадионот.

Организацијата на стадионот и околу стадионот беше недостојна за финале во Лигата на шампиони! Користење на солзавци на места кадешто има деца е многу опасно, изјавил братот на Матип.

Марвин Матип е поранешен професионален фудбалер, кој играше како централен бек. Роден e во Германија, a ја претставуваше репрезентацијата на Камерун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.