Босна и Херцеговина ризикува жестока казна од УЕФА, ако го одигра веќе договорениот пријателски меч со Русија на 19 ноември во Санкт Петербург, ден пред стартот на Светското првенство во Катар, објави „Аваз“ повикувајќи се на извори од централата на Европската куќа на фудбалот во Нион.

Како што објави „Аваз“, повикувајќи се на извори од УЕФА, можно е БиХ да биде исклучена од сите програми на УЕФА, финансиската помош како „форвард-програмата“, програмите за развој како „хет-трик“.

Со некои работи не треба да си играте, тоа е како да си играте со оган. УЕФА првично одговори дека пријателските мечеви не се во нејзина надлежност, ама… Потоа доаѓаат санкциите кои се воведени од ЕУ, САД, што значи дека тие имаат влијание и на спортскиот дел, без оглед што се политички, затоа таков меч ќе подразбира пакет санкции кон федерацијата на БиХ. Можно е да има суспензија, пред сѐ во финансискиот дел, иако не се исклучува и во натпреварувањата на УЕФА. Би можело да се случи исклучување од сите финансиски програми на УЕФА. Ситуацијата е едноставна, УЕФА вели играјте, ама потоа ние ќе видиме што како – вели изворот од УЕФА за „Аваз“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.